Лионел Меси беше цел на жестоки критики во последните денови, па разбирливо е што најдобриот аргентински фудбалер конечно може барем за момент да здивне. Најцрното сценарио е избегнато, Аргентина нема да биде елиминирана уште во првата фаза од СП 2018, а Меси по мечот се заблагодари и на божјата помош за време на мечот во Санкт Петербург.
„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои дојдоа овде, кои жртвуваа време и пари за да ни ја дадат поддршката. Исто така, голема благодарност до сите во Аргентина, кои секогаш се со нас. Дресот на репрезентацијата секогаш е над се. Ова беше тежок натпревар, но ние бевме убедени дека ќе славиме, го заслуживме тоа. Прекрасно е што триумфиравме на ваков начин, радоста е огромна. Притисокот беше голем, но знаев дека Бог е со нас и нема да дозволи да си одиме прерано дома. Тоа се потврди“ – изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА