Меси: Бог ми ја даде титулата, пензија ни под разно

Лионел Андрес Меси дојде до титулата од Светското првенство и стави крај на секоја дебата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња.

По освојувањето на трофејот тој рече дека нема да се пензионира од аргентинската репрезентација.

„Ова е едноставно неверојатно. Знаев дека Бог ќе ми го даде овој пехар, бев сигурен. Ова е големо уживање за нас. Го имав овој голем сон долго време. Сакав да ја завршам кариерата со освоено Светско првенство. Не можам да побарам повеќе од ова. Не, нема да се пензионирам од националниот тим. Сакам да продолжам да играм како светски шампион во дресот на Аргентина“, изјави Меси по финалето.

Се вчитува...