„Меси да ја имаше работната етика на Роналдо ќе имаше 15 Златни топки“

Дебатата за „најдобар фудбалер на светот“ и споредбата помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо повторно ја отвори Патрик Евра. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед имаше интересна споредба, а за него Португалецот останува на првото место и покрај освоеното Светско првенство на Аргентинецот.

Не само затоа што го смета како брат, туку поради неговата работна етика која го довела до таму каде што е. Како што вели Французинот доколку истата ја имал и Меси ќе освоел 15 Златни топки.

„Сакам да објаснам зошто секогаш го бирам Роналдо пред Меси. Не затоа што сметам за брат, туку затоа што сум заљубен во неговата работна етика. Бог на Меси му дал талент, а Кристијано мораше напорно да работи. Јас така гледам на работите. Не сакам да кажам дека Роналдо не е талентиран, туку со неговото залагање дојде до таму каде што е. Меси да ја имаше неговата работка етика денеска ќе имаше 15 Златни топки. Ги сакам луѓето кои се трудат и затоа го бирам Роналдо пред Меси“, објасни Евра.

Се вчитува...