Меси даде еврогол, но и тоа беше недоволно за триумф на Аргентина на Копа Америка

Аргентина го стартуваше настапот на Копа Америка со реми од 1-1 против секогаш незгодниот состав на Чиле, меч што го одбележа евроголот што го постигна Лионел Меси за водство на „гаучосите“. Чиле настапи на оваа средба без повредениот Алексис Санчез, но сепак успеа да остане непоразен.

Капитенот на Аргентина блесна по триесетина минути игра, откако од дваесетина метри велемајсторски ја смести топката преку живиот ѕид, во горниот агол од голот на Клаудио Браво. Чилеанците упеаја да се вратат во вториот дел, беше досуден пенал во нивната корист по прекршокот над Видал, по што Видал не беше прецизен од белата точка, но Варгас во продолжението од акцијата со удар со глава израмни на 1-1.

Се вчитува...