Mеси десетта сезона по ред со 40 гола

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси во саботната победа на Барселона над градскиот ривал Еспањол од 2-0, беше двоен стрелец со што десетта сезона по ред стигна до границата од 40 постигнати гола. Аргентинецот уште еднаш потврди дека годините за него се само бројка, а во триумфот против соседите постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар.

30-годишниот Меси во сите натпреварувања постигна 41 гол, а бидејќи Барселона до крај може да одигра уште 15 натпревари, јасно е дека неговиот учинок може да биде значително подобар. Меси во изминатата деценија најмногу голови даде во сезоната 2011/2012, кога 73 пати се запиша во листата на стрелци, а најмалку во сезоните 2013/14 и 2015/16 по 41 гол.

Феноменалниот Аргентинец, сезонава постигна 31 гол на 27 натпревари во Ла лига, два пати беше стрелец во Копа дел Реј, а во Лигата на шампионите даде осум гола на шест натпревари.

 

Се вчитува...