Меси до Иниеста: Уживав да играм со тебе, ќе му недостасуваш на фудбалот

Суперѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, испрати пријателска порака до својот поранешен соиграч од Барселона, Андрес Иниеста , кој денеска и официјално ќе објави крај на својата легендарна фудбалска кариера.

„Еден од најволшебните соиграчи со кои сум уживал да играм. Андрес Иниеста , ќе му недостасуваш на фудбалот, а исто и на сите нас! Ти посакувам секогаш најдобро, феномен си“, напиша Меси на нивната заедничка фотографија која ја објави на Инстаграм.

Двајцата беа соиграчи во Барселона помеѓу 2004 и 2018 година, а во тој период освоија голем број трофеи со тимот во кој беа меѓу најважните играчи.

Се вчитува...