Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата фудбалска големина на дуелот меѓу Барселона и Рајо Валјекано. Тој не само што важи за генијалец во својот спорт, туку е и синоним за фер-плеј, па иако често грубо се стартува врз него сепак останува доследен да не симулира во противничкиот шеснаесетник.
Меси тргна во продор на саботниот меч со Рајо и падна во шеснаесетникот, а неговите соиграчи потрчаа кон судијата, барајќи од него да ја прегледа ситуацијата со ВАР-технологија.
Сепак, на Аргентинецот не му се чекаше, па самиот ги отстрани сите дилеми.
„Не гледај ВАР, немаше пенал… Ајде да играме, ајде…“ – порача Меси, по што судијата ја прифати сугестијата на Аргентинецот.
Правдата беше задоволена на почетокот од второто полувреме, кога беше досуден пенал за Барселона што Меси го претвори во гол за водство од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА