Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е суспендиран на еден натпревар откако го пропушти Ол-стар натпреварот во МЛС лигата.
Напаѓачот на Интер Мајами и неговиот соиграч Жорди Алба не играа во средата и покрај тоа што не беа повредени.
„Според правилата на лигата, секој играч кој не учествува во натпреварот на Ол-стар играчите без претходна согласност од лигата нема право да игра на следниот натпревар за својот клуб“, соопшти МЛС.
Суспензијата ќе значи дека Меси ќе го пропушти натпреварот на Интер Мајами против Синсинати во сабота. Синсинати е лидер на табелата во Источната конференција. Меси досега постигна 18 гола оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

