Лео Меси ја заврши турнејата низ Индија од која аргентинската суперѕвезда одлично заработи, но и се врати дома со ексклузивен подарок.
Имено, Меси пред враќањето дома го посети Глобалниот центар за спас на диви животни во Јамнагар, центар што е сопственост на индискиот милијардер Мукеш Амбани, а токму неовиот син Анант Амбани му даде на Меси подарок што вреди еден милион евра.
Станува збор за часовник од брендот „Richard Mille“, модел од кои се изработени само 12 примероци во целиот свет.
Меси е познат како колекционер на скапи часовници и бил воодушевен од подарокот, што секако ќе биде фантастичен додаток во колекцијата на аргентинската фудбалска суперѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

