Раководството на Барселона ризикува многу на финансиски план со новиот договор на Лионел Меси, но тие направија буквално се за Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“ до крајот на неговата кариера. Каталонскиот гигант ја продолжи соработката со Меси до 2021 година, а сето тоа ги чинеше енормни 350 милиони евра, открива шпанскиот медиум „Ел мундо“.
До истекувањето на постоечкиот договор Меси годишно ќе заработува по 35 милиони евра, не вклучувајќи го бонусот за лојалност од 100 милиони евра. Тоа значи дека Меси секој понеделник го „чекаат“ 700.000 евра на сметка, односно заработува 95.890 евра, или 3.995 евра секоја минута (со пресметан данок). По крајот на секоја сезона Меси ќе добива 20 милиони евра за лојалност, што ќе изнесува вкупно 100 милиони до последниот ден од договорот, но и клаузулата му е вртоглава, 700 милиони евра се мерка на претпазливост за да се избегне сценариото со Нејмар.
Со мега – договорот Меси заработува дури 70% повеќе од Кристијано Роналдо, додека е речиси рамо до рамо со најскапиот фудбалер на светот и неговиот поранешен соиграч, Нејмар.
Сега Барселона има финансиски проблем. Нивниот годишен трошок за плати на играчи сега изнесува 84% од целокупниот буџет на клубот, што ја надмина препорачливата граница од 70%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА