Интер Мајами е на добар пат да стигне до потпис со Родриго де Пол, аргентинскиот репрезентативец кој ќе му се придружи на својот идол Лионел Меси.
Де Пол веќе ги договори личните услови со Интер Мајами, а и преговорите помеѓу американскиот клуб и Атлетико Мадрид се во завршна фаза па наскоро се очекува и официјализација на договорот, открива доброупатениот Фабрицио Романо.
Покрај за Атлетико Мадрид, Де Пол досега настапуваше и за аргентинскиот Расинг, Валенсија и Удинезе. Тој е долгогодишен член на аргентинската репрезентација закитувајќи се со златниот медла на Светското првенство во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

