Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Меси веќе ја донел одлуката и дека ќе остане во Барселона и сезонава. Како што пренесуваат шпанските медиуми тој веќе има снимено видео на кое потврдува дека ќе остане во каталонскиот клуб и следната сезона.
По се очигледно „сагата Меси“ која е главна вест во светот овие две недели ќе го добие својот крај, а Аргентинецот и покрај сите несогласувања со раководството на тимот на чело со претседателот Бартомеу сепак ќе остане верен на Барселона.
Како главна причина за неговото останување во Барселона се наведува клаузулата од 700 милиони евра која ниту еден тим во светот не е подготвен да ја исплати за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА