Меси донесе нова победа за Мајами во МЛС лигата (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси го водеше Интер Мајами до нова победа во американската професионална лига МЛС. Тимот од Флорида синоќа славеше на домашен терен против Нашвил со 3-1.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 во 2. минута со автоголот на Негри. На 1-1 израмни Лионел Меси во 11. минута на асистенција на Луис Суарез. До полувремето беше 2-1 со погодокот на Серхио Бускетс во 39. минута, гол за кој асистираше токму Меси. Конечните 3-1 ги постави Аргентинецот со гол од пенал во 81. минута.

Inter Miami [3] – 1 Nashville SC – Lionel Messi 81' (Penalty)
by insoccer

Се вчитува...