Меси донесе одлука каде ќе ја заврши кариерата

Лионел Меси во продолжението од кариерата нема да се врати назад во Европа и кариерата ќе ја заврши во Интер Мајами.

Аргентинскиот ас е презадоволен од услвоите кои ги има тој, но и неговото семејство во Соединетеите американски држави па не планира нова пресела пред самиот крај на богатата кариера која трае од 2003 година.

Меси е дел од Интер Мајами од 2023 година. Претходно помина две сезони во ПСЖ, а од 2004 до 2021 година настапуваше за првиот тим на Барселона.

Се вчитува...