Меси донесе одлука: Нов договор со Интер, ќе игра и за Аргентина на СП 2026

Интер Мајами го доведе Хавиер Маскерано за нов тренер, веднаш потоа нов договор потпиша и Луис Суарез, како најава за најдобрата можна вест за клубот предводен од Дејвид Бекам – новиот договор што до крајот на оваа календарска година ќе го потпише Лео Меси.

Аргентинскиот генијалец долго време тактизираше околу својата одлука, но на крајот пресече – решавајќи да игра уште една сезона по истекот на актуелниот договор во декември 2025 година. Меси е решен да настапи за Аргентина во одбраната на титулата на СП 2026, токму тоа е причината поради која најдобриот фудбалер на денешницата е решен да игра и во 2026, за максимално подготвен да го дочека новиот Мундијал.

Тој претходно најавуваше дека би сакал да игра една сезона во татковината пред да ја заврши кариерата, но Меси во меѓувреме ги промени плановите. Дејвид Бекам е подготвен да ја исполни секоја желба на Аргентинецот за тој да потпише нов договор, а информациите од САД тврдат дека двете страни се многу блиску до целосен договор, кој би можел да биде потпишан во текот на месец декември.

Меси сезонава постигна 21 гол на 22 натпревари во МЛС-лигата, Интер Мајами беше неприкосновено прв во регуларниот дел од сезоната, но Меси и соиграчите беа шокирани на стартот од плејофот, каде беа елиминирани од Атланта.

Се вчитува...