Меси донесе одлука за иднината, фановите се воодушевени

Лео Меси ќе продолжи да импресионира на фудбалските терени откако аргентинскиот ас конечно донесе одлука за својата иднина, одлагајќи го пензионирањето за најмалку една година. Фановите на Интер Мајами се воодушевени од веста дека Аргентинецот воопшто не разгледувал други понуди, туку решил да остане уште една дополнителна година во американскиот клуб.

Актуелниот договор на Меси со клубот од МЛС-лигата истекува на крајот од оваа календарска година, но веќе се договорени деталите за Аргентинецот да го продолжи престојот во Флорида за уште една година. Тој веќе постигнал целосен договор со Дејвид Бекам, новиот договор ќе биде со важност до јуни 2026, што ќе овозможи да се исполни големата желба на Лео – да одигра уште еден фудбалски мундијал за Аргентина.

Деталите се средени, а во следните денови се очекува само официјализација на договорот. По потписот, се очекува Бекам и неговите блиски соработници да се активираат на пазарот, во обид да го доведат Кевин де Бруине како најнова ѕвезда на европскиот фудбал што би можела да се пресели од другата страна на Атлантикот.

Во текот на вчерашниот ден беше најавено дека и Кристијано Роналдо ќе потпише нов договор со Ал Наср, па за искрените фудбалски вљубеници секако е добра вест што уште барем една година ќе уживаме во мајсториите на великаните кои во последните две децении доминираа на терените ширум Европа и светот.

Се вчитува...