Меси е број 1 – го мина Дани Алвеш како најтрофеен фудбалер во историјата

Лео Меси ја предводеше Аргентина до триумф на Копа Америка, фудбалскиот генијалец како капитен прв го крена шампионскиот пехар, со што воедно и испиша нова историја во овој спорт.

Имено, успехот на Копа Америка значеше и неверојатен 45. пехар во кариерата на Меси, со што тој стана најтрофеен фудбалер во историјата, минувајќи го Бразилецот Дани Алвеш, кој ја заврши кариерата со 44 освоени трофеи.

Зад името на Меси стојат освоени три клупски мундијали, четири пехaри од ЛШ, три од Супер-купот на Европа… потоа десет титули во Ла Лига, седум во Копа дел реј, осум во Супер-купот на  Шпанија со Барселона, на што треба да се додадат и еден пехар од Шампионскиот трофеј и од Лига-купот во САД, пото Купот на Шампиони во Конмебол, како и две титули во Копа Америка, една на Олимписките Игри, една на младинското светско првенство…

И секако, титулата светски првак со Аргентина освоена пред две години на мундијалот во Катар.

Се вчитува...