Аргентина прва стигна до предност од 1-0 на четвртфиналниот дуел со Холандија, откако Молина одлично се снајде и успеа да ја смести топката во мрежата на „лалињата“.
Главен во акцијата повторно беше Лео Меси, аргентинскиот капитен тргна во продор, а штом го забележа Молина ја упати топката кон шеснаесетникот, десниот бек му побегна на Блинд и потоа од непосредна близина го совлада голманот.
Погодокот за водство на Аргентина на ова четвртфинале можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА