Меси е кошмар за ривалите во САД, нови два гола за 11 минути (видео)

Лео Меси одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Интер Мајами, предводејќи го својот тим до триумф од 1-2 на гостувањето против Њу Ингланд.

Аргентинецот повторно беше кошмар за противниците, постигнувајќи два погодоци во рок од 11 минути, уште во првото полувреме носејќи недостижна предност за Интер Мајами.

Првиот погодок беше користење на една грешка на противничките дефанзивци, додека вториот – мајсторски удар по асистенцијата на Бускетс…

Се вчитува...