Одличниот фудбалер на Монако, Сеск Фабрегас, изјави дека e благодарен што имал прилика да игра со Лео Меси во Барселона од 2011 до 2014 година. За време на тие три сезони, Фабрегас освои шест трофеи со Барса, вклучувајќи ја и титулата во шпанската Примера.
Репрезентативецот на Шпанија проговори за фудбалерите со кои досега имал прилика да игра, па без сомнеж даде одговор кој е најдобриот играч за него во светот на фудбалот.
„Меѓу сите фудбалери со кои играв, најдобар е Лионел Меси, тој е совршен фудбалер. Јас исто така би ја избрал брзината на Тиери Анри, квалитетот и интелигенцијата на Меси и срцето на Карлес Пујол или Џон Тери“, вели 33-годишниот Фабрегас.
За Барса, Фабрегас постигна 42 гола и 50 асистенции на 151 натпревар. Потоа замина во Челси, а по пет години меѓу „сините“, се пресели во Монако во јануари 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

