Аргентинецот Лионел Меси се најде на списокот од 30 играчи кои конкурираат за наградата играч на сезоната во МЛС.
Аргентинецот се најде на оваа листа и покрај тоа што одигра само пет натпревари за Мајами. Од доаѓањето во клубот, Меси одигра пет натпревари за Интер во МЛС лигата, четири пропушти поради повреда, а постојат сите шанси да ги одигра преостанатите три во регуларниот дел од сезоната.
Навивачите во најдобар случај ќе го видат Меси на теренот уште три пати оваа сезона, во најлош случај ниту еден, но тоа што ќе собере многу малку натпревари во МЛС не го спречи да се најде на листата на кандидати за МВП трофејот.
Од доаѓањето во САД, Меси ги одигра најголем дел од натпреварите во Лига купот, каде што се истакна и постигна десет гола на седум натпревари, но во МЛС лигата забележа само еден гол и две асистенции.
На листата на кандидати се најде и соиграчот на Меси од Интер, Серхио Бускетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

