Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, целосно се опорави од повредата и се очекува да учествува во првиот натпревар на својот тим во новата сезона во Главната лига против Лос Анџелес .
Аргентинската ѕвезда патува со своите соиграчи во Калифорнија, каде што натпреварот ќе се одигра ноќта на 22 февруари.
Учеството на Меси на натпреварот беше доведено во прашање откако тој заработи повреда на мускулот на задниот дел од левата бутина. Повредата ја здоби за време на пријателскиот натпревар пред сезоната против еквадорскиот тим Барселона на 7 февруари. Во тој натпревар, Меси започна како стартер, но беше принуден да биде заменет во 58-та минута.
По успешното закрепнување, Меси сега е достапен на тренерскиот штаб за првото коло од првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

