Меси ескпресно ја напушти селекцијата на Аргентина, Мароканците лути – Барселона го правда

Лионел Меси се врати во репрезентацијата на Аргентина но нема за што многу да се радува по синоќешниот пораз (1-3) од Венецуела, која само вторпат во историјата успева да слави против „гаучосите“.

Но, за да нештата бидат уште понеповолни за Аргентинците по мечот е соопштено дека Меси има проблеми со повреда и дека веднаш ја напуштил селекцијата па нема да игра против Мароко. Тоа многу ги налути Мароканците кои очекуваа да го гледаат еден од најдобрите светски фудбалери.

Веднаш, по целата ситуација се огласи и Барселона која опрвадувајќи го Меси потврди дека имал проблеми со повреда. Меси во понеделник во Барселона ќе направи детални прегледи по што ќе биде познато дали се работи за посериозна повреда или ќе биде подготвен веќе за следниот натпревар на каталонскиот тим…

 

Се вчитува...