Меси еуфоричен: Бог го чувал овој момент за мене

Лионел Меси долго чекаше, но конечно успеа да крене еден пехар носејќи го репрезентативниот дрес откако Аргентина триумфираше на Копа Америка.

За задоволството да биде комплетно, во финалето беше совладан вечниот ривал Бразил, и тоа на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

„Победа во финалето над Бразил, и тоа среде Бразил, за кревање на првиот пехар со Аргентина. Не може да биде подобро, Бог го чувал овој момент за мене. Ми беше потребно да го тргнам тој „трн“ од мојата кариера, да остварам успех и со репрезентацијата. Со години бев многу блиску, знаев дека еден ден ќе ми се оствари, но не постои подобар момент од овој“, изјави Меси.

Се вчитува...