„Меси ги надмина Роналдо и Марадона, со него може да се мери само Пеле“

Лионел Меси на Светското првенство во Катар го осови и последниот трофеј кој му недостасуваше во витрините и со тоа го заслужи епитетот на „најдобриот на сите времиња“, верува поранешниот фудбалер на Вест Хем, Челси, Ливерпул, Џо Кол.

Дилемата може да постоела во минатото, но тој стави крај со успехот во Катар. Тој е подобар од Роналдо и Марадона, а единствениот со кој може да се мери е Пеле.

„Секогаш ќе има дебата за кој е “најдобриот фудбалер во историјата“, но Меси стави крај на сите дилеми за сегашната генерација бидејќи освои се. Претходно имаше потешкотии на Светските првенства и тоа донесе прашања, но сека нема дилема. Никогаш не сум видел играч како Меси. За мене е најдобриот на сите времиња. Само Пеле може да се мери со Лео. Меси ги надмина Роналдо и Марадона“, вели Кол.

Се вчитува...