Лео Меси е фудбалска икона по трансферот во Интер Мајами, но аргентинскиот генијалец ги налути Американците со последната одлука да не се појави на олстар натпреварот на американската МЛС-лига.
Составот на најдобрите играчи на МЛС-лигата требаше да биде предводен од Меси и неговиот тимски соиграч Жорди Алба, но двајцата неочекувано се повлекоа неколку часа пред одигрувањето на овој спектакл.
Интер Мајами преку клупско соопштение го известил раководството на МЛС за неиграњето на најдобриот фудбалер во лигата, притоа не наведувајќи конкретна причина за ваквиот потег.
Според правилникот на МЛС, фудбалерите кои ќе бидат повикани да настапат на олстар мечот имаат обврска да се појават, освен во случај на повреда. Во спротивно, им се заканува суспензија од еден натпревар, па останува да се види дали Американците ќе ги почитуваат сопствените правила и кога станува збор за најдобриот фудбалер на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

