Лионел Меси и во продолжението од кариерата ќе настапува за Интер Мајами, пренесуваат американските медиуми. Аргентинскиот ас е презадоволен во Соединетите американски држави и не намерува да прифати нов предизвик во кариерата.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата посакува да биде во врвна форма за настапот на престојното Светско првенство кое ќе се одржи во 2026 година па со таа цел нема да се врати назад во Аргентина, а ниту пак да прифати преселба во Саудиска Арабија од каде има понуда за пребогат договор.
Меси кој пред Интер Мајами настапуваше за Барселона и ПСЖ оваа сезона е во трка за признанието за најкорисен играч на МЛС лигата со 20 постигнати голови на 21 одигран натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

