Меси ги почести играчите и тренерите на Аргентина со златни ајфони

Најдобриот играч според ФИФА за 2022 година, и актуелен капитен на селекцијата на Аргентина Лионел Меси, се реши да ги почести своите соиграчи од репрезентацијата и тренерите со тоа што им купил 35 златни ајфони.

На едната страна на телефоните се имињата и броевите на репрезентативците на Аргентина, а има и логото на националниот тим и натпис „Светски шампиони 2023 година“.

„- Лионел не контактираше неколку месеци по финалето на Светското првенство. Тој рече дека би сакал да им подари посебен подарок на сите играчи и стручниот штаб за да ја прослават нивната убава победа, но не сакаше да подари нешто обично како часовник. Предложив златни iPhone-и со бројки, а идејата му се допадна на Лео, изјави Бенџамин Лион, шеф на компанијата за уредување на телефони за „Сан“.

Играчот на ПСЖ потрошил околу 200.000 евра за овие подароци. Аргентина минатата година по третпат го освои Мундијалот во историјата.

Се вчитува...