Меси ги прекина сите контакти со Пике: Аргентинецот не сака дружење со човек што му забил нож во грб

Барселона оваа сезона минува низ големи проблеми како внатре во клубот, така и на резултатски план на теренот. Каталонскиот клуб одамна не ја отвори сезоната толку лошо, а минатата недела беше отпуштен и Роналд Куман.

Но, многумина сметаат дека најголемиот проблем за Барселона е заминувањето на Лео Меси кој не можеше да го продолжи договорот со клубот и на крајот реши да потпише за ПСЖ. Аргентинецот имаше намера да остане во Барселона, но поради финансиски проблеми тоа не беше можно. Во интервју за каталонски спорт, тој призна дека продолжува да ги следи натпреварите на Барселона и дека е во контакт со одредени играчи на овој клуб.

„Јас сум во контакт со некои играчи на Барселона. Често разговарам со Агуеро кој не ми беше соиграч во Барса, но тој ми е голем пријател и често разговараме. Покрај него често се слушам и со Жорди Алба и Бускетс”, изјави Меси.

Многумина веруваа дека Меси ќе го спомене и Жерар Пике, но тоа не се случи. Затоа каталонски спорт утринава објави дека Меси и Пике не се во добри односи бидејќи Аргентинецот е разочаран од тоа што го направил неговиот поранешен соиграч. „Спорт“ тврди дека Пике ова лето отишол кај Жоан Лапорте и му рекол дека заминувањето на Меси нема да има големо значење за играта на Барселона и дека Аргентинецот не е личност без која нема да може да продолжи.

На крајот, Меси го дознал она што наводно Пике му го кажал на Лапорта, а „Спорт“ наведува дека последователно ги прекинал сите контакти што ги имал со Пике бидејќи верува дека му забил нож во грб.

 

 

 

Се вчитува...