Меси го игра мечот број 1000 во својата кариера

Вечерва Лионел Меси е стартер за Аргентина против Австралија во натпреварот од 1/8 финалето. Тоа ќе биде негов јубилеен меч број 1000 во кариерата во сите натпреварувања.

Досега Меси има постигнато 788 голови и 338 асистенции. Покрај Аргентина, Меси играше и за Барселона, а сега е дел од ПСЖ.

Од Меси многу се чека на овој Мундијал, и се очекува да ја поведе Аргентина кон трофеј на Светското првенство. Ова за него ќе биде последен Мундијал на кој ќе настапува и последна шанса да дојде до овој успех.

Се вчитува...