Меси го кани Модриќ да му се придружи во Мајами

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами, откако играчот на Реал Мадрид е голема желба на капитенот на овој тим, Лионел Меси.

Клубот, чиј косопственик е Дејвид Бекам, во последните неколку години е заинтересиран за Модриќ, а сега во целата приказна се приклучува и Меси, кој ќе го убедува Хрватот да се приклучи на тимот.

Најверојатно Модриќ идната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, и добро да се подготви за идниот Мундијал, што ќе биде последен за него во кариерата, со оглед дека идната година ќе има веќе 40 години. И покрај тоа што е вистинска легенда на клубот, со најголем број освоени трофеи, меѓутоа Реал Мадрид по елиминацијата од Арсенал во ЛШ, тргнува во летен ремонт, во кој ќе биде опфатен и Модриќ.

Интер Мајами сака да го има Хрватот пред настапите на Светското клупско првенство. Тој би им се приклучил на неколку поранешни ѕвезди на Барселона, меѓу кои и Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Се вчитува...