Меси го одбра најдобриот стопер на денешницата

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси по победата на неговата Аргентина над Еквадор во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година даде интересна изјава за тоа кој смета дека е најдобар стопер на денешницата.

За аргентинскиот ас тоа е соиграчот од репрезентацијата, Кристиан Ромеро со кој како што вели фудбалерот на Интер Мајами ужива на теренот.

„По мене Ромеро е најдобриот стопер во овој момент. Одигра неверојатен натпревар, тој беше играч на натпреварот. Ми се допаѓа тоа што ми го чува грбот. Постојано ме тера да одам напред за да игра еден на еден со противникот. Кога тој е во тимот се навикнав воопшто да не гледам зад себе, а тоа е сон на секој напаѓач“, изјави Меси.

Се вчитува...