Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата (ВИДЕО)

Лео Меси блесна во пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Австралија на кој постигна еврогол по само седумдесетидевет секунди игра, гол кој е воедно и најбрзиот во неговата кариера.

Интересно, аргентинскиот великан кој досега постигна нешто повеќе од 800 погодци во богатата кариера пред овој натпревар немаше постигнат гол под две минути. Последниот рекорд изнесуваше 127 секунди во средбата против Челси во 2018 година.

Се вчитува...