Меси го постигна својот најбрз гол во кариерата (видео)

Лионел Меси урива рекорди како од шега, па Аргентинецот продолжува во ист ритам и на вечерашниот реванш од осминафиналетео во ЛШ против Челси.

Нешто повеќе од две минути му беа доволни на аргентинскиот генијалец да го отвори резултатот за еуфорија на „Камп ноу“, а интересно е што голот постигнат за вкупно 128 секунди воедно беше и најбрз во кариерата на Меси, на клупски и репрезентативен план.

Претходно, Меси најбрзиот гол го имаше постигнато на дуелот со Расинг Сантандер во 2010 година, кога стрелаше прецизно за две минути и 36 секунди игра.

Се вчитува...