Меси го престигна Пеле: Хет-трик на Аргентинецот за историја (ВИДЕО)

Аргентина во квалификациите за Светското првенство 2022 славеше со 3-0 над Боливија, а сите три гола ги даде легендарниот Лео Меси. Со тоа Аргентинецот го престигна Пеле и врвот на табелата на постигнати гола (79) и стана најдобриот стрелец во историјата на Јужна Америка со два гола повеќе од Бразилецот.

Победата Меси ја најави во мајсторија во 14. минута кога на спектакуларен начин погоди од 20 метра. На 2-0 зголеми во 66. минута по одличната акција со Лаутаро Мартинез, а хет-трикот го комплетираше две минути пред крајот на мечот.

Се вчитува...