Меси го претстави новиот дрес на Аргентина, но навивачите се многу незадоволни (ФОТО)

„Адидас“ денес ги претстави дресовите на репрезентациите кои ќе играат на Европското првенство, но и дресовите на селекциите од Јужна Америка. Познатиот спортски бренд откри како ќе изгледа новиот дрес на аргентинската репрезентација, што играчите на оваа селекција ќе го носат во квалификациите за СП.

Овој дрес ексклузивно го претстави Лионел Меси, кој соработува со „Адидас“ веќе подолго време.

Сепак, новиот дизајн воопшто не ги воодушеви аргентинските навивачи кои не се задоволни од тоа како изгледа дресот, за што сведочат негативните коментари на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...