Аргентинскиот ас Лионел Меси не е задоволен со квалитетите што тимот на Барселона ги поседува оваа сезона, посебно по игрите во последните два месеци и му порачал на раководството на клубот да го доведат неговиот сонародник Анхел ди Марија на „Камп Ноу“. Токму Ди Марија беше еден од најзаслужните за триумфот на ПСЖ со убедливи 4-0 против Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Постигна два прекрасни гола и беше незадржлив за одбраната на каталонскиот тим.
Меси и Ди Марија одлично се познаваат од аргентинската фудбалска репрезентација, а евентуалниот негов ангажман уште повеќе би ја засилил навалната линија на Барселона. Тој во минатото беше член на Реал Мадрид, па и тоа ќе биде еден вид престиж за каталонскиот клуб, да го ангажира поранешниот играч на својот најголем ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА