Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси го пропушти гостувањето на Барселона во Малага оваа вечер, затоа што доби дозвола од тренерот Ернесто Валверде да присуствува на раѓањето на својот трет син Чиро. Името го доби по познатиот аргентински музичар Хорасио Демиан Пертуси, кого го нарекуваат Чиро.
Неговата сопруга денеска на свет го донесе нивното трето дете, а Меси го прослави во кругот на семејството, заедно со своите повозрасни синови, Тијаго и Матео.
Сепак, и без помошта на Меси, Барселона има водство од 0-2 по првото полувреме на дуелот против Малага со головите на Луис Суарез и на Фелипе Кутињо. Домашниот тим остана и со играч помалку поради исклучувањето на Самуел Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА