Аргентина го почна настапот на СП 2018 максимално разочарувачки, со реми против дебитантот Исланд во првиот меч од групата Ц. Селекторот Сампаоли се реши за експериментален состав, а играта на „гаучосите“ беше очајна, буквално се зависеше од Лионел Меси, а нивниот капитен беше далеку од посакуваното ниво. Наместо херој, тој стана трагичар со промашениот пенал во второто полувреме, што можеше да им ја донесе победата на „гаучосите“.
Од првата минута очигледна беше интенцијата во играта на Аргентина секоја акција да оди преку Меси, но исландските фудбалери со негово удвојување одлично го неутрализираа. Агуеро со прекрасен погодок го отвори резултатот, но Исланд одговори на спротивната страна преку Финбогасон, кој ќе влезе во историјата како стрелец на првиот мундијалски гол на оваа мала држава.
Најубавата шанса за победа аргентинските фудбалери ја пропуштија кога беше досуден пенал за стартот над Меза. Меси ја зеде топката, но очајната партија ја „круниса“ со промашен пенал. Сампаоли го остави Дибала на клупата до самиот крај, Игуаин влезе во 84. минута, па селекторот неслучајно во следните денови ќе биде посочуван како главен виновник за ова очајно издание на аргентинскиот состав.
GOALLLLL Argentina 1 – 0 Iceland! WOW! SERGIO AGUERO! WHAT A FINISH! HIS FIRST EVER WORLD CUP GOAL#WorldCup #ARG #ISL #ARGISL pic.twitter.com/2vEogcN745
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) June 16, 2018
Argentina doesn’t hold the lead for long, Iceland gets their first ever goal in a World Cup.
Game tied at 1pic.twitter.com/WS1WvY5eFK
— Dov Kleiman (@NFL_DovKleiman) June 16, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА