Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и Барселона се се поблиску до договор за продолжување на соработката со која еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе остане на „Камп ноу“.
Меси од 1. јули официјално е слободен фудбалер, но по се дефинитивно ќе остане во Барселона. Тој се очекува да потпише договор до 2026 година, нешто што го најави претседателот на клубот, Жоан Лапорта. Тој вели дека наскоро се ќе биде решено и дека конечно ќе биде потпишан долго очекуваниот договор.
Меси имаше одличен крај на сезоната откако конечно со Аргентина по 15 години успеа да слави на Копа Америка совладувајќи го големиот ривал Бразил и тоа на неговата Маракана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА