Меси и Дембеле се вратија на тренинзите на Барселона

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси и Французинот Осман Дембеле се вратија на тренинзите на Барселона. Тие одработија дел од тренингот и се уште е неизвесно дали ќе му бидат на располагање на тренерот Ернесто Валверде за мечот против Интер в среда, во Лигата на шампионите.

Лионел Меси заработи повреда на мечот против Вилјареал и беше повлечен по првото полувреме, а претходно пропушти и поголем дел од стартот на сезоната. Осман Дембеле имаше проблеми со бутниот мускул.

Барселона се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Ла Лига со 13 бода, два помалку од лидерот Реал Мадрид.

 

 

 

 

Се вчитува...