Меси и Јамал ќе играат за трофеј на теренот на Реал Мадрид?

Пред неколку дена, УЕФА објави дека не разгледува алтернативни решенија за Финалисима, натпреварот помеѓу Аргентина и Шпанија, кој е закажан за 27 март.

Сепак, поради бројните проблеми на Блискиот Исток, се чини дека УЕФА ќе биде принудена да ја промени локацијата. Според шпанската новинарка Аранча Родригез, еден од главните кандидати е „Сантијаго Бернабеу“.

Така, Лионел Меси кој актуелен светски шампион со Аргентина и поранешен играч на Барселона, би можел да бара нов трофеј за репрезентацијата на стадионот на својот лут ривал. Од друга страна, ќе биде Ламине Јамал, за кого Бернабеу исто така не е негов домашен терен.

Имено, младиот Јамал е клучен играч за Барселона и Шпанија, актуелниот европски шампион, а понекогаш неговото однесување на теренот ги разбеснува противничките навивачи, особено оние на Реал.

Се вчитува...