Меси и натаму добива плата од Барселона, иако ја напушти пред три години

Лионел Меси постигна 672 гола и асистираше на уште 303 на 778 натпревари во дресот на Барселона. Иако играше за Пари Сен Жермен откако ја напушти Каталонија пред да потпише за Интер Мајами во МЛС минатата година, но Барселона и натаму го плаќа. И не е единствениот за кого одвојува пари, а не игра во клубот.

Серхио Бускетс и Жорди Алба, со кои со години играше во Барса, а сега повторно се спои со нив во Интер Мајами, исто така се на платен список на својот поранешен клуб. Сите тројца се согласија на одложување на платите за време на пандемијата на коронавирусот за да им ја олесни финансиската ситуација. Сега Барселона ги исплаќа тие долгови.

Според договореното, тоа ќе трае до крајот на оваа сезона, и потоа ќе биде тргнат тој финансиски „товар“. Парите кои им ги исплаќа на сите три ѕвезди не е класифициран како тековен расход, затоа што тие бројки се во пресметките од сезоната 2020/21. Барса во таа сезона му даваше плата на Меси 84,5 милиони евра.

Се вчитува...