Хрватскиот репрезентативец и стопер на Манчестер сити, Јошко Гвардиол во интервју за „ESPN“ откри според него во моментов кој е најдобар фудбалер во светот.
Тој вели дека и покрај тоа што игра во САД, Лионел Меси се уште е најдобар фудбалер во светот.
„Секој пат кога одговарам на тоа прашање, одговорот е ист – Лионел Меси. Имав можност да играм против него три пати. Кога сака, може да направи разлика на теренот и да ја скрши противничката екипа“, изјави Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

