Меси: И после еден месец од титулата уште не ми се верува

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси, ги сподели емоциите од освојувањето на Мундијалот во 2022 година. Репрезентацијата на Аргентина точно пред еден месец ја победи Франција во финалето на пенали со 4-2, и така ја освои третата шампионска титула.

Меси беше прогласен за најдобар играч на турнирот, и го освои трофејот кој му недостасуваше во кариерата. Сега тој ги има сите освоени пехари и на клупски и на репрезентативен план.

„Помина еден месец од најубавиот настан во светот, и уште сум во неверување. Низ кое прекрасно лудило поминавме, и на крајот го подигнавме пехарот кој го посакувавме толку многу. Каков прекрасен месец беше тоа, какви прекрасни спомени. Ми недостасуваат соиграчите, секојдневната работа со нив, разговорите, тренинзите, глупостите кои ги правевме… Задоволство беше да се види како моето семејство ужива секојдневно во ова незаборавно искуство. Господи ти благодарам за се, знаев дека ќе ми го дадеш. Ова не можев да го замислам, не замислував ваква луда прослава. Помина еден месец откако станавме светски шампиони“, напиша Меси на „Инстаграм“.

Се вчитува...