Лионел Меси и Кристијано Роналдо би можеле за првпат да заиграат за иста екипа, доколку се реализира планот на Карлос Тевез да ги повика двете најголеми фудбалски легенди да му бидат соиграчи на прошталниот натпревар.
Тевез пред три сезони и официјално ја заврши кариерата, но Аргентинецот допрва планира да организира меч на кој ќе се збогува од фудбалот, а планот му е на истиот да учествуваат играчи кои настапуваа заедно со него во Бока јуниорс, Коринтијанс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентуси во репрезентацијата на Аргентина.
„Лео Меси и Кристијано Роналдо да играат заедно, тоа е мојот план. Ќе ги доведам, ако треба лично ќе отидам по едниот и по другиот, ги имам нивните броеви и верувам дека ќе ги договорам“, изјави Тевез, кој настапуваше со Португалецот во Манчестер Јунајтед, додека со Меси ја делеше соблекувалната во аргентинскиот национален тим.
Потоа, тој ги откри плановите околу другите легенди кои би биле вклучени во овој спектакл…
„Ван дер Сар на едниот гол, Буфон на другиот… Стопери: Фердинанд, Видиќ, Кјелини, Бонучи… мојот брат Евра исто така мора да биде овде. Од играчите за врска, Рикелме дефинитивно ќе е тука, потоа и Пирло, Сколс… Планот е дефиниран, треба само да најдеме термин што ќе им одговара на сите“, изјави Тевез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА