Меси и соиграчите одлучија кој ќе биде тренер на Барселона следната сезона

Ернесто Валверде ќе остане на клупата на Барселона и следната сезона благодарејќи на одлуката на фудбалерите на каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Лионел Меси и останатите фудбалери застанале на страна на стратегот кој и трета година по ред ќе го поведе клубот кон толку посакуваното освојување на Лигата на шампионите.

Барселона сезонава испадна во полуфиналето од елитното натпреварување од Ливерпул и тоа откако првиот меч го доби со 3-0, а во реваншот беше поразена со 4-0. Претходната сезона Валверде водејќи ја Барселона во четвртфиналето забележа изненадувачки пораз од Рома.

Во двете сезони поминати на клупата на „каталонскиот гигант“, искусниот стратег  двапати ја освојуваше Ла лига, но не успеа да стигне до ниту едно финале во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...