Меси и Суарез како во најдобрите денови

Интер Мајами одигра уште еден импресивен натпревар во МЛС лигата рутински славејќи над ДиСи Јунајтед со 4-0, меч во кој брилијантни беа Луис Суарез и Лео Меси.

Поранешниот тандем на Барселона одигра импресивно за американскиот тим, постигнувајќи по два погодоци и потсетувајќи на своите најдобри денови во кариерата.

Прв на сцена стапи Суарез, кој постигна два погодоци во првото полувреме, стигнувајќи до бројката од 15 гола сезонава.

Во вториот дел на сцена стапи Меси, Аргентинецот два пати биеше мајсторски во мрежата, за печат на убедливиот триумф и вкупно 23 погодоци сезонава.

Се вчитува...