Екипата на Интер Мајами се пласираше во Лигата на Шампионите од КОНКАКАФ зоната по убедливата победа од вкупни 4-0 против тимот на Кавалир од Јамајка.
Лионел Меси заедно со Луис Суарез, по пауза од три меча, повторно се најдоа на теренот максимално забавувајќи ја публиката со нови погодоци за своите имиња, во синоќешната гостинска победа од 0-2.
Натпреварот во главниот град на Јамајка, Кинстон, предизвика еуфорија поради присуството на Меси и Суарез, кои на крајот им подарија и забава на навивачите.
Во четвртфиналето Интер Мајами ќе игра со тимот на Лос Анџелес, кој во осминафиналето го елиминираше Колумбус Кру со вкупни 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

