Реал Мадрид повторно ги шокираше своите фанови губејќи со 0-1 од Бетис, а најпоразителна за Зинедин Зидан е очајната ефикасност на неговите избраници. Ниту враќањето на Кристијано Роналдо не беше од корист за „кралевите“, повторно беа промашени бројни шанси, за на крајот да стигне казнaта во судиското продолжение.
И додека цел тим на Реал Мадрид се мачи да постигне погодок, Лионел Меси нема такви проблеми. Имено, аргентинскиот ас сезонава во Примера веќе самиот постигна девет погодоци, исто колку и целата екипа на „кралевите“. Четирите погодоци против Еибар беа негов најдобар ефект сезонава, откако претходно Меси стрелаше прецизно на речиси сите натпревари, со исклучок на претходниот дуел со Хетафе (стрелци беа Денис Суарез и Паулињо).
„Кралевите“ веќе заостануваат седум бода зад Барселона, а доколку сакаат да почнат да ја намалуваат оваа негатива ќе мора да почнат редовно да ги тресат противничките мрежи. За почеток, цел тим да има повеќе голови од Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА